Го повикувам Мицкоски да се обрати до обвинителство ако има докази за корупција. Тоа што Мицкоски го зборува може да земе пример од неговите поранешни партиски членови, кои влегоа „голтари“, а излегоа милионери од политиката, рече Груби.
Oва е изјава на првиот вицепремиер Артан Груби на преписката со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за тоа кој е милионер а кој голтар во политиката и зошто немало обвинените или пак пресуда за корупција за функционери на ДУИ.
„Пресинг ТВ“ потсетува на неколку случаи во кое беше вмешана ДУИ или луѓе блиски до Мала Речица.
Најголемо внимание предизвика случајот „Телеком“. Судот ја отфрли приватната тужба на Ахмети и Муса Џафери и Слободан Богоевски.
Нерасчистена остана и улогата што ја имал Груби во „жолтата куќа“ каде се ваделе човечки органи на Срби. Дека Груби работел таму како преведувач откри неговиот лидер Ахмети.
Со познат поранешен фукционер на ДУИ е поврзана и продажбата на локација во центарот на градот спроти „Нова Македонија“ за само седум евра за квадат. И тука се разбира „се е според закон’.
Со ДУИ е поврзана и дивоградбата кај „Мавровка“. Кафулето беше спектакуларно срушено и уште поспектакуларно никна повторно и сега е центар за пресадување коса.
За пукотниците во Александар Палас или пред Скендербег не треба да потсетуваме дека немаше никаква разрешница и се беше заташкано.
Затоа Груби треба самиот да покрене постапки ако навистина сака да се почитува правдата а не да повикува други да го сторат тоа.Не за џабе е прв вицепремиер.
Comments are closed for this post.