Обвинителот Трајче Пеливанов побара соодветни казни за сите обвинети во случајот Меѓународен сојуз. Тој истакна дека обинетите свесно ги сториле делата и затоа треба да бидат казнети.
Тој исто така објасни дека Јовановски треба на оштетените Силјан Мицевски и Адријан Амзоски да им ја надомести штетата.
Пеливанов објасни дека Бојан немал никаква трансакциска сметка, а пак неговиот татко никакви приходи подолго време и затоа и нема покритие за парите што ги пуштил во промет.
Според обвинителот, Јовановски со парите од оштетените си ја отворил 1ТВ, како и за лични цели.
Comments are closed for this post.