За време на владата на заевизмот драстично се зголемија цените на горивата, а причината за тоа се акцизите и таксите кои ги воведоа. Пред година и половина литар дизел гориво чинеше 46 денари, а денес литар дизел надминува 75 денари со тенденција уште да расте. Дополнително, цената на литар бензин изнесуваше 50 денари, а сега цената надмина 84 денари. Овој раст на цените е од 65 до 70%, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Практично со ваквиот раст на цените на горивата се удира директно по буџетот на граѓаните, но и на економијата. Цените на горивата кои се клучни за стандардот, растат, а на власта администрирана од Ковачевски око не и трепнува.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ дава конкретен предлог за заштита на стандардот на граѓаните и директна помош на економијата. Со предлог закон ќе побараме намалување на акцизите за горивата за моторни возила за 50%. Оваа мерка ќе влијае директно на намалување на цената на горивата, бензинот веднаш ќе се намали за 13 денари, а дизелот за 9,5 денари. Ова не значи само заштеда на семејствата, ова е заштеда и во транспортот во стопанството и тоа може да ги поевтини цените на конечните производи.
Ова е значајна помош за граѓаните и стопанството. Секој денар кој ќе го заштедат фирмите и граѓаните во вакви тешки времиња и тоа како значат за да можат да го преживеат месецот.
Очекуваме владата на СДСМ и ДУИ да го прифатат овој предлог во пресрет на кризата која доаѓа. Овие тешки времиња бараат одлучни чекори, а не беспредметни „вонредни“ видео обраќања, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.