Наводната грчка хакерска група од твитер-профилот „Моќна грчка армија“ на Твитер изнесе тврдења дека извршила хакерски напади врз неколку македонски банки.
ТТК банка соопшти дека успешно е спречен хакерски напад врз нејзината интернет-страница, по кој нема последици, како и дека случајот е пријавен во МВР.
„Моќната грчка армија“ на почетокот на месецов на Твитер се пофали дека го пробила компјутерскиот систем на Министерството за образование, што МОН преку соопштение до јавноста го негираше. А наводните хакери тогаш соопштија и дека нивни цели биле министерствата за надворешни работи и за одбрана.
Истата група во меѓувреме упати закани за дополнителни хакерски напади врз македонските институции.
Comments are closed for this post.