На Матеј Периш (27) од Сплит му се изгуби секаква трага во Белград на новогодишната ноќ, кога истрчал од клубот „Готик“ во Бетонската сала каде бил со своите пријатели, а сите инволвирани во случајот се обидуваат да решат дел од мистеријата околу неговото исчезнување.

Секоја информација која би можела да помогне во истрагата е добредојдена, но прашање е како после толку време да се препознае Матеј и како некој може да даде веродостојни информации доколку младиот човек го променил изгледот од која било причина.

Мажите растат брада и коса

Маја Јовановиќ од Бирото за борба против трговија со луѓе проговори за овој случај.

– Како да препознаеш човек после толку време? Прво мора да нагласиме дека кога се мажите во прашање, по тоа што им растат брадата и косата, тие по само седум до десет дена стануваат делумно непрепознатливи. Во овој случај, помина многу време. Луѓето можат да станат непрепознатливи со зголемена или намалена тежина, подолга или пократка коса.. Дури и ставањето наочари може многу да го промени описот – изјави Јовановиќ.

Таа нагласува дека Матеј доколку е жив би можел да изгледа сосема поинаку.

– Мора да се водиме од одредени знаци на препознавање, на пример, бемки, бојата на очите, обликот на веѓите, лузните… Висината и лузната на телото можат да бидат од помош. Кога станува збор за визуелизација, многу е важно да се водат гледајќи во она што е за нив препознатливо. По толку долго време не можеме да се водиме ниту од бојата на косата, ниту од бојата на брадата. Фото-роботите се нешто што е многу важно и што многу помага. Само фарбањето или скратувањето на косата или ставањето наочари може многу да го смени описот – објасни експертот.

Она што е карактеристично за Матеј Периш е тоа што има празнина меѓу забите, висок е 187 сантиметри и има изразито сини очи.