Однародената и криминална власт на СДСМ и аболицираниот криминалец Зоран Заев системски ја уништуваат македонската економија, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека Република Македонија со оваа мафијашка власт стана најнесреќното и најсиромашното место за живеење во Европа.

Во оваа година ипол она што беше макотрпно градено со години успеаја да го уништат.Граѓаните и бизнисите едвај врзуваат крај со крај, задолжувањето на државата безмислосно се зголемува, но затоа фирмите на Заеви вртат милиони евра. Затоа дојде живот за аболицираниот криминалец Зоран Заев и картелот околу него кои отвараат фирми низ Македонија како од шега. Прво го купија по цена како за еднособен стан струмичкиот конфекциски гигант „Герас Цунев“, па камионите на Заеви почнаа да возат за РЕК Битола, а откако видоа дека и тоа им е малку влегоа во милионскиот бизнис со марихуана. Во меѓувреме си делеа концесии за глина, пренаменуваа градежно земјипте, си делеа криминални иновации и земјиште за хидроцентрали, се наведува во партиското соопштение.

 

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека Зоран Заев на најбезобразен начин ги лажеше граѓаните за време на предизборната кампања. Ветуваше дека ќе ја зголемувал минималната плата секоја година се додека не стигне до 16.000 денари, но нема ништо од тоа.

Додека земјите во регионот и Европа доживуваат ренесанса на своите економии Македонија го фаќа чекорот со Афричките држави. Ветуваа раст на економијата од 5%. Граѓаните ниту раст,  ниту економија видоа. Тоне државата по сите параметри. Не можат ни до нивните 3,2% што самите си ги проектираа да стигнат. Најновата корекција на стапката за раст е 2.8% иако сите релевантни институции, ММФ и Европската банка за обнова и развој, и Народната банка на РМ не им проектираат раст поголем од 2,5%. Тоа значи фрлени во ветер минимум 100 милиони евра од аспект на бруто-домашен производ за кои никој до сега нема сносено одговорност. Кулуминацијата на оваа власт во економијата е ужасното ниво на реализицаија на капитални инвестиции кое изнесува само 1/4 од предвиденото. Тоа е знак дека оваа ненародна влада треба во најкус можен рок да си замине од власт. Ваквото владеење на СДСМ е неизджливо. Со секој поминат ден со СДСМ на власт државата дополнително тоне задолжување, криминал и корупција. Колку СДСМ побргу си замине толку Македонија ќе успее да го фати вистинскиот правец, стои во соопштението.