Европската унија сама себеси се перцепира како единство на различности. Одеднаш, сега, се покажува дека членки на ЕУ промовираат еден чуден ЕУ-однос, ние и вие. Многу пати сум го цитирала професорот Џозеф Вајлер од Харвард, познат по уставот на ЕУ, кога вели дека ЕУ прво, иако се вика Европска унија е потесен ентитет од Европа, а сепак се вика Европска унија и дека односот кон кандидати и кандидатите, и кандидатите за кандидати треба да го смени, бидејќи напати тој начикува на судија и обвинет или се одвива според начелото молчи и слушај. Тоа не се однесува, се разбира , на ЕУ како ентитет и на органите, туку еве на некои членки, вели професорката и актуелен пратеник, Гордана Силјановска Давкова на трибината организирана во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Заштита на националните и државни интереси, наместо пазар дипломатија“.
Таа ова го посочи во однос на Република Бугарија и нејзиниот однос кон Македонија со наметнување разно разни барања и услови, како што е и барањето за промена на уставот за впишување на бугарско малцинство, а од нејзина страна неправејќи никакви отстапки на зацртаните позициите нарекувајќи ја чудна тактита за земја членка на Европска унија која се потира на начелото на еднство на различностите.
Во однос на признавањето и заштитата на правата на малцинствата, Силјановска Давкова посочи дека тука особено треба да важи начелото на реципроцитет, односно како што Бугарија бара признавање на бугарско малцинство во македонија истото треба да го направи и таа, и во Бугарија да го признае македонското малцинство и да ги гарантира неговите права, што е во согласнот и со добиените пресуди од Судот за човекови права кои ги покренаа Македонците во Бугарија.
„Од она што го покажува историската меморија, токму на прашањето на заштитата на правата на малцинствата најмногу се инсистирало на реципроцитет. Да посочам, и ние и Бугарија, и сме ја потпишале и сме ја ратификувале рамковната Конвенција за заштита на правата на малцинствата. Ако ја следиме логиката на солунскиот Самит и на она што тогаш, комесарот за Оли Рен го изрази дека, регионот е Европа историски, географски, културно, дека само во два културно историски моменти на Отоманската империја и на комунизмот не сме биле заедно. И дека логиката е јасна ако е ова портата на ЕУ, тогаш или ние ќе извезуваме мир или ќе увезуваме немир“, истакна Силјановска Давкова.
Во однос на барањето за промена на Уставот, таа истаканад ека е неизбежно дека тој повторно ќе се менува, најмногу поради ЕУ интеграциите како што е преимерот со Србија која пред недела дена се изјаснуваше и на реферндум, но дека тоа ние треба да го направиме со барање од внатре, како на пример претседател на држава, а не како барање кое некој од надвор ни го наметнува.
„Мој белгиски колега вели, Уставот треба да се менува со рака што трепери од одговорност. Да, ние го менуваме уставот со рака што трепери од страв, до сега неколку пати. И замислете, за триесетина години 36 амандмани, споредено со САД, з аповеќе од 200 години, 27 амандмани, имаат илјада предлози и пет илјади неуспешни обиди. Проблемот е што ние, дали треба да го смениме уставот, јас одговорно тврдам и тоа ќе го направиме. Србија тоа сега го правање со референдум, во функција на ЕУ интеграцијата, мешутоа не со барање од надвор, туку со барање од внатре. Еден паметен претседател или претседател на собрание, одамна би ја проширил уставната комисија со експерти, за да видиме во овие 30 години кои проблеми ги манифестираше уставната норма во праксата како систем“, посочи Силјановска Давкова.
Comments are closed for this post.