Осамени во својата деструкција, Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да се помират со реалноста, нема да ја закочат иднината, Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ, реагираат од СДСМ на изнесените ставови од лидерот на ВМРО-ПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното интервју.
Преостанатите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ треба ги напуштат погубните политики на Мицкоски против ЕУ и НАТО и да се приклучат кон интегративните процеси, стои во реакцијата испратена од Бихаќка.
Во истата додаваат:
Сите пратеници, а особено преостанатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ треба да гиподдржат уставните измени и преку процесот во Собранието заеднички да обезбедат иднина во ЕУ и НАТО. Особено сега, кога амандамните се пред јавноста, пред граѓаните и се е кристално јасно и потврдено: македонскиот идентитет е зајакнат и обезбеден, отворени се вратите за членство во НАТО и ЕУ”, е ставот на владејачката партија.
Comments are closed for this post.