Вечерва се палат коледарски огнови.Коледарските огнови се предвесник на Бадник. Но, со оглед на загадувањето и кораната неизвесно е дали граѓаните вечерва ќе се соберат во своите населби покрај огнот со чашка ракија и посно јадење.
Ова е стара македонска традиција, вечерта пред Бадник да се дочека надвор, крај оган, со чашка греена ракија во рацете, со погача, со македонски песни, со желби за здравје и бериќет.
Иако според толкувањата на црквата овие обичаи се пагански, граѓаните ги практикуваат како можност за дружење пред божиќните празници.
Comments are closed for this post.