Започна турнејата „Четири скокалници“, а на стартот во германскиот Оберстдорф видовме прав спектакл. По победата во квалификациите, Кобајаши ја потврди одличната форма и триумфираше на првото натпреварување од новогодишната турнеја.
Минатогодишниот шампион Камил Штох сигурно нема да ја одбрани титулата бидејќи не се пласираше во втората рунда, а многу несреќен беше и поранешниот светски победник Северин Фројнд, кој одлично скокна во првото коло, но беше дисквалификуван поради својата опрема.
Следното натпреварување е во Гармиш Партенкирхен (Германија), каде квалификациите ќе се одржат на 31 декември, а официјалната програма ќе биде на 1 јануари 2022 година.
Comments are closed for this post.