Министерството за економија на Косово вели дека, на политичко ниво, кај косовската страна постои готовност да ѝ се продадат три милиони тони јаглен на Македонија, објави попладнево „Газета експрес“.
Барањето за купување јаглен било изнесено при последната посета на Косово на делегација на македонското Министерство за економија, предводена од министерот Крешник Бектеши.
– Македонија побара да обезбеди резерви на јаглен за нејзините потреби… Министерството за економија на Република Косово прифати да отвори дебата/консултации околу модалитетите на потенцијалниот договор. Од политичкото ниво е дадена согласност и изразена добра волја компаниите да ја продлабочат соработката и техничките детали да се прецизираат во текот на преговорите, се вели во одговорот на косовското Министертво до приштинскиот портал.
Comments are closed for this post.