Мистериозниот меѓуѕвезден астероид ‘Умуамуа, што влезе во нашиот Сончев систем во октомври 2017 година, би можело да биде големо соларно јадро коешто го испратила друга цивилизација во потрага за знаци на живот, тврдат астрономите.
Научниците во НАСА забележаа неочекувано забрзување и поместување на патеката на движење на гигантскиот објект откако тој минатата година влезе во внатрешниот круг на нашиот систем.
Сега една студија тврди дека тоа би можело да биде јадро што го придвижува светлината, а коешто го пратиле вонземјани. Астрономите од Смитсониан центарот за астѕрофизика на Харвард, го анализирале необичниот облик на објектот што наликува на цигара, како и неговото непредвидливо движење.
Тие заклучиле дека чудниот астероид „би можело да биде светлосно јадро со неприродно вештачко потекло“. Научниците велат дека чудното забрзување е можна последица на сончевата радијација којаѓто го придвижува тоа гигантско јадро.
Со оглед на вештачкото потекло, една можност е дека ‘Умуамуа е светлосно јадро кое плови во меѓуѕвездениот простор како остаток од напредна технолошка опрема. Алтернативно, поегзотично сценарио е дека ‘Умуамуа е целосно оперативна сонда која во близина на Земјата намерно ја испратила друга цивилизација – напишаа истражувачите од Смитсониан центарот.
Втората опција, што би го објаснила целосниот недостаток на комуникација или каков било сигнал е дека лебдечкото тело всушност е остаток од вонземски вселенски брод.
Comments are closed for this post.