Во пожар во италијанското пристаниште Савона изгореле стотици автомобили од марката Фиат Крајслер, меѓу кои најголем број биле „масерати“ и „Фиат 500 Л“.
Автомобилите биле паркирани на пристаништето во Савона.
Пожарот го предизвикала силната бура која значително го подигнала нивото на морето . Во допир со солената вода од морето некои од акумулаторите во паркираните возила експлодирале и ги запалиле автомобилите.
Силниот ветер експресно го раширил пожарот и направил огромна материјална штета.
Според локалните медиуми, во пожарот изгореле голем број на нови автомобили 2Масерати гилби“ , кои чекале да тргнат на пат за Блискиот Исток.
Comments are closed for this post.