Легендарниот бразилски репрезентативец Клаудио Тафарел е назначен за нов тренер на голманите во Ливерпул, објави англискиот фудбалски прволигаш.
Тафарел во Ливерпул ќе тренира двајца свои сонародници – Алисон и Питалуга.
Алисон со години е прв чувар на мрежата во бразилската репрезентација, додека младиот Питалуга дојде во Ливерпул од Флуминенсе.
Тафарел со Бразил во 1994 година ја освои светската титула, додека четири години подоцна во финалето беше поразен од Франција
Comments are closed for this post.