Една од најатрактивните жени во светот на фудбалот, познатата романска менаџерка Анамарија Продан (49) се најде во голем проблем кога на социјалните мрежи се појавија нејзини разголени фотографии.

Како што пишуваат романските медиуми, Анамарија била фотографирана гола додека била во брак со тогашниот сопруг Лауренсија Регенкампф на кого му ги испратила тие фотографии, а неодамна се појавиле во јавноста.

Знам кој ги објави овие фотографии. Знам како стигнаа до печатот, кој ги дистрибуираше. Но, тоа не е важно. Моите адвокати веќе ги презедоа работите во свои раце – вели Анамарија во изјава за порталот „Клик“.