Задолжителната вакцинација на работното место ќе важи и за јавниот и за приватниот сектор.
Ваква препорака утре на Владата ќе и даде Министерот за здравство Венко Филипче и за неа било расправано и на денешната седница на Кризниот штаб. Информациите Филипче ги откри вечерва на состанокот со Синдикатите на кој се договориле на Владата да и препорачаат, оние кои не сакаат да се вакцинираат а на работа ќе се решат да одат со тестови, тестовите да им ги плати работодавецот.
-Прво да кажам дека оваа мерка, препорака за вакцинирање на работното место важи и за јавните и за приватните институции. Една од иницијативите за ваквата мерка дојде од стопанските комори. Тоа што го побараа претставниците на синдикатот а на утрешната седница на Владата ќе го дискутираме, прво да мерката од моментот на донесување важи не после 10 туку по 15 денови, со цел да се остават уште неколку денови за едукација на членството во синдикатите, понатаму да бидат дадени 2 слободни платени денови на денот на вакцинација и следниот ден и последното барање, оние кои што не сакаат да се вакцинираат и ПЦР тестот како алтернатива што треба да се прави секоја недела, наместо на сопствен трошок да биде на терет на работодавачите. Сите овие нивни предлози ќе ги дискутираме на утрешната седница на Владата, изјави Филипче.
Comments are closed for this post.