Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во интервју за хрватски весник „Вечерњи лист“ на прашањето што по победата на Данела Арсовска на изборите за градоначалник на Скопје, која ја поддржа ВМРО-ДПМНЕ, премиерот на Македонија, Зоран Заев си поднесе оставка тој одговори дека власта не изгуби само во Скопје туку во повеќето општини во Македонија.
„Оставката доаѓа поради победата на Данела Арсовска во Скопје, но и поради победата во останатите 42 општини каде ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата оствари сигурни и убедливи победи, со што разликата која беше во полза на ВМРО-ДПМНЕ практично ја делегитимираше владата на Зоран Заев“, рече Мицкоски.
Мицкоски додаде дека власта загуби во сите поголеми градови низ целата држава.
„На некој начин, пред се и поради однесувањето и влогот кој го стави самиот Зоран Заев кој изјави дека ако загуби на изборите, тогаш си оди од политиката, овие избори се доживееја како еден вид на референдум против актуелната влада, при што резултатите покажаа убедлив пораз на Заев и победа на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Мицкоски.
Comments are closed for this post.