Артан Груби за пратеникот Кастриот Реџепи, Груби рече дека го познава долги години и дека знае какви се неговите лични убедувања.
– Тој е еден непоправлив атлантист кој верува во Вашингтон, верува во ЕУ и со вредностите што ги негува всушност тоа го докажа денеска и на дело со тоа што не гласаше заедно со едно наводно парламентарно мнозинство кое што е анти НАТО, анти ЕУ, анти Охридскиот договор, анти Преспанскиот договор, анти добрососедските односи, анти интегрирана Република Македонија. Убеден сум дека Кастриот Реџепи е добар заедно со неговото семејство и среќен затоа што вечерва победи евроатлантска Македонија, изјави Груби
Comments are closed for this post.