Владата воведува прогресивен данок од 18 проценти, наместо сегашните 10 %, за примања над 90 000 денари.Според министерот за финансии Драган Тевдовски дополнителна стапка од 8 проценти ќе се плаќа за доходот кој надминува 90 илјади денари месечно.

До 90 000 денари доход, данокот останува 10 проценти. А доколку некој прима дохот над 90 000, на делот кој надминува 90 000 денари би се плаќале дополнителни 8 проценти. Со плата од 100 000 – за 90 000 денари ќе се плаќа 10 проценти данок, а за 10 000 денари ке се плаќа 18 проценти.

Министерот е убеден е дека тоа е праведен данок за подобрување на економијата и животот на граѓаните.

Предлагаме воведување дополнителна стапка од 8 проценит за дохот кој надминува 90 илјади денари месечно. Дополнителните 8 проценти би се плаќале само на дополнителни доходи над 90 илјади денари. Ова значи дека за мнозинството граѓани даночната стапка ќе остане 10 проценти. Прагот од 90 илајди денари го избравма бидејќи ги опфаќа најдоходовните 1 проценти од вкуптно население, рече Тевдовски.