Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник при гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа рече дека би требало да има и кривична одговорност за случувањата во РЕК Битола и за целата структура на ЕЛЕМ.
Милошоски посочи дека не работи ниту еден од трите блокови на РЕК Битола.
Не работи ниту еден, веќе имаме петта или шеста опомена од Европската енергетска заедница дека Македонија краде струја и дека то треба граѓаните да го платат во износ од 16-17 милиони евра. Тоа сигурно дека ќе биде платено од Буџетот на државата. Но, буџетот го полнат стопанствениците, граѓаните, пезнионерите, земјоделците. Тоа ќе биде дополнително поскапување на животот на секој човек без разлика дали е Македонец, Албанец, Турчин, определен, неопределен, за влас, за опозиција. Во следниве 6-7 месеци ќе имаме многу тежок период и затоа според мене секој дополнителен ден на Заев на власт, или одржувањето на статус кво ќе биде продлабочување на политичката и економската криза, и зголемена инфлација на грбот на граѓаните – заклучи Милошоски.
Милошоски посочи дека не може да се очекува Заев да биде решение кога тој не може да реши ниту за сопствената оставка. За оставката на Заев одлучува ДУИ.
Зоран Заев кој што го губи легимитетот е најбогатиот премиер во една од најсиромашните држави во Европа. Македонија е шеста на листата на сиромашни земји во Европа. А, Зоран Заев е прв по богаството споредено со сите премиери. Еве сега во среда ќе дојде холандскиот премиер Руте во посета на Македонија, да го прашате холандскиот премиер Руте колку е богат, колку има фирми, колку има пари на сметка, колку има неговиот брат, братучед, менувачница, и така натаму, ќе видите дека Зоран Заев е пет пати побогат премиер од холандскиот премиер Руте. А, Холандија е една од најбогатите, а Македонија е за жал една од најсиромашните и најкорумпирана во Европа – рече Милошоски.
Comments are closed for this post.