Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на своето гостување во вестите на телевизија Сител, рече дека од она што до него доаѓа како информација за непотребното трошење, недостатокот на пари и задолжувањето на општините од страна градоначалниците на СДСМ кои изгубија на овие локални избори, се навистина застрашувачки. Мицкоски рече дека мора темелно да се навлезе за да се излезе со подетални информации во јавноста, но од она што засега се гледа е дека и информациите кои досега ги доставиле градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ кои победија во 22 општини во првиот круг, ситуацијата е крајно застрашувачка и општините се сериозно криминализирани.
Јас не сум ниту обвинител ниту судија, си има органи на прогон во државата, има обвинителство, судови, обвинителите нека обвинуваат по закон, судиите нека судат по закон. Она коешто можат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ е да го достават тој материјал до организираниот криминал, до обвинителството, антикорупциска, тоа се институциите кои можат да поставуваат а јас ги охрабрувам да постапуваат по закон и да не бидат слуги на Заев, да не бидат слуги на СДСМ затоа што на тој начин си прават штета самите на себе а и на народот, бидејќи го демотивираат, обесхрабруваат дека може да имаме правна држава. Затоа, ако не постапат според закон, ќе бидеме таму каде што сме, а тоа е најкриминална и најкорумпирана држава. – рече Мицкоски.
На прашањето дали ќе го обвинуваат за реваншизам, Мицкоски рече дека секој оној кој чесно работел, кој работел според процедурата и закон, не треба да се плаши, неговото работно место е безбедно – тој со својата плата обезбедувал егзистенција за своето семејство и своите деца. Но, секој оној кој не работел според закон треба навистина да биде загрижен, затоа што неговата основна битка на овие избори е конечно после 30 години криминализирање на општеството, да биде ослободено и дa се работи според закон, чесно и исполнително.
Мицкоски рече дека всушност тоа е она што новите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ го работат, чесно, одговорно и според закон.
Comments are closed for this post.