Во своето обраќање пред вториот круг од локалните избори, премиерот и лидер на владејачкиот СДСМ се обидува одново да ја смени плочата. И тоа на само на три дена од изјаснувањето на граѓаните.
И ако внимателно се чита повикот, во него прво што може да се види е дека Зоран Заев е човек со илјада лица! Толку многу лица, што човек не знае кога е свој, идентитечен, со каков-таков дигнитет и интегритет, иако во изминатите пет години сите објективни набљудувачи можеа да го проценат без никакво промашување.
Вакво обраќање на премиерот Заев претставува само обид да се фати за сламка со која ќе може да спаси нешто што не може да се спаси. Со него, самите негови пи-ар питбули признаваат дека тој веќе го изгубил тлото под нозе и не знае ни што прави, ни каде тера.
Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев денеска во видео обраќање ги повика граѓаните да гласаат в недела на 31 октомври, на вториот круг од локалните избори.
-Во недела правиме избор помеѓу искрени политичари, кои не се безгрешни секако, но народни и отворени…Еве ме пред вас. Без оправданија, без изговори и без тајни планови. Искрено, бидејќи јас и не можам поинаку. Некои велат дека искреноста била мојата слабост, други ќе се насмеат на некој гаф од јавните настапи, но јас сум тој, Зоран Заев, еден од вас, еден од народот. Па, не си божество ако си премиер, ќе порача меѓу другото Заев.
Заев и искреност! По толку манифестирани проблеми со вистината и отворени лаги во изминатите пет години, оваа фраза му доаѓа исто како да се спореди Заев со вистината. Тие две работи апсолутно не одат заедно, како што со други термини самиот се обидува да прави споредби во екот на изборната кампања.
Или, политичари народни и отворени! Демек, Заев и неговите кандидати доаѓаат од народот! Па, поголема глупост од ова, Заев до сега нема кажано! Поранешниот СДСМ, не овој на Заев, бил државотворна партија, партија на елитисти, на интелектуалци…Но, никогаш не бил партија на народот. Во своето идеолошко талкање, Заев го претвори СДСМ во отворено пробугарско крило, во партија на сељачаана, во националшовинистичка и ксенофобска партија, во партија на лажговци, криминалци и лопови. Сега, пак, сака да ја прикаже како народна!? Замислете, СДСМ-Народна! Како некогаш што од ВМРО-ДПМНЕ произлезе ВМРО-Народна на Љупчо Георгиевски! Ајде и тоа да го дочекаме.
-Премиерот е и ќе продолжи да биде прв меѓу еднаквите, ништо повеќе. А, таков мора да биде и градоначалникот, ќе рече натаму Заев.
Не, не сме сите еднакви, посебно не со Заеви. Како што кажуваат оштетените штедачи од Еуростандард банка, Заеви си земале кредити без да вратат ниту денар. Неговиот „брат“ Бојко Борисов вели дека двете деца на Зоран Заев студираат во Бугарија. Со среќа нека им е, ќе добијат европски валидни дипломи, ама таква можност немаат илјадници други деца на обични семејства. Затоа, кога премиерот вели дека е прв меѓу еднаквите, апсолутно не е точно! Зашто, тој и Заеви сега од Република Македонија прават Еуростандард банка. И земаат се што е вредно, а ништо не и враќаат, па неговата споредба не може никако поинаку да се сфати, освен Орвеловски дека сите сме еднакви, само некои се малку поеднакви.
Едноставно, Зоран Заев не е од народот и не може да биде еден од нас. Тој е црпнат од муртинска нива, барем самиот така призна. За него нема ништо повредно и посвето од шушкањето на банкнотите и мирисот на марихуаната.
-Многу повеќе грижа и многу повеќе ефикасност во служењето кон граѓаните. Тоа е промената која ја внесуваме и во централната, и во локалната власт и внатре во СДСМ како партија. Станува збор за сериозна промена во односот и испораката на услуги од страна на институциите, од функционерите и од администрацијата – до вас, граѓаните, до сите вие кои со вашите одлуки го задавате правецот и на општините и на државата, ќе рече натаму Заев.
И ова е само гола фраза. Зашто, Заев и на неговите сопартијци имаа пет години на располагање да го применат тоа, што сега го навестуваат. Но, ништо не слушаа, ништо не гледаа. Беа заслепени од сјајот на парите, од апсолутната политичка моќ, која апсолутно и ги расипа, поради што процветаа криминалот, корупцијата, отворениот апашлук, неодговорноста, застрашувањето, малтретирањето, тепањето на неистомислениците, нарачувањето беспредметни обвиненија и грозоморни судски одлуки…
-Ги помогнавме локалните самоуправи и ги извадивме од децениски долгови. Оваа Влада се грижи и ќе продолжи да се грижи за секој еден граѓанин, искрено и доследно, ќе рече Заев.
Да, точно, ги помогнаа локалните самоуправи. Но, за што? За подобри услови за живеење на граѓаните? Апсолутно, не! Ги помогнаа само локалните бараби и моќници за да можат да ги наполнат своите џебови со свежи пари, за ништо друго.
-Оваа влада соработува со бизнисот, но не е другар со олигарсите, ќе наведе уште Заев.
Не бил другар со олигарсите!? Како не е, кога барем половина од предложените негови градоначалници се второто поколение или во блиски роднински врски со македонската олигархија и првичната партиска врвна номенклатира! Или мисли дека Заеви и нивните најблиски соработници не припаѓаат на олигархијата? А, мисли дека туку така, случајно им беше овозможено купувањето на „Еленица“? Зарем мисли дека обичниот народ е толку наивен и луд за да мисли дека тоа е вистина?
-Македонскиот идентитет е признаен, верификуван и бетониран како никогаш претходно. Бадијала ве плашат! Клучните историски факти за македонската нација нема да бидат предмет на политичка ревизија. Нацијата никогаш не ни била поцврста и попризната. Ние бараме и наоѓаме решенија на децениските проблеми, но на принципиелна основа и согласно европските фундаментални принципи. Нашето право на самоопределување никој не може и не смее да го оспорува. Затоа, бидете горди Македонци, имате добри сограѓани, ваши, наши, другари и браќа Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци, Власи и сите други, ќе рече сосема на крајот Зоран Заев, повикувајќи на обединување.
Еве, нема да го потсетуваме на неговото катастрофално интервју за агенцијата БГНЕС. Но, за да го потврди сето ова нека оди и нека извади барем еден личен докумет на кој пишува Македонец и јавно да го објави! Нема да успее. Се што доживеавме од него се само понижувања, понижувања и понижувања и ништо друго.
Горди Македонци! Горди Македонци можат да бидат само Македонци, кои Заев ги избриша со неговото пенкало, но не можат да бидат горди Македонци „северномакедонците“, кои добиваат „право на живот“ во странските медиуми и се почесто кај странските политичари, на што тој не реагира, станувајќи симбол и на злото и на поделбите во општеството.
Затоа, единствено добро што може да направи за државата и народот на кој сега се повикува е да си замине од сите функции-и државни и партиски. Наше е само в недела да му помогнеме што побрзо да го стори тоа и конечно да исполни барем едно ветување. Се друго ќе биде продолжување на голото политичко насилство.
Comments are closed for this post.