Институцијата Јавно Обвинителство неможе да знае за постапките на Бурим Рустеми и јас никогаш не сум кажал дека Обвинителството влијае, туку дека Бурим тврди дека е договорен со судот.Предметот никогаш не бил во фаза на завршни зборови, а тоа лесно може да се провери од записниците од судските рочишта.
Причината зошто судењето почнало одново не е по вина на одбраната и кога судењето почнува одново мора да се почитуваат одредбите од ЗКП, се наведува во демантот на адвокатот Мерџан Даути по повод реакцијата на Јавното обвинителство за случајот „ТНТ“.
Даути оценува дека е крајно тенденциозно е тврдењето дека на судењата Ј не зборува на Албански јазик, што е тотална невистина и тоа може лесно да се утврди преку тонските снимки од самите рочишта.
Одговорно тврдам дека ниту еден доказ, ниту записник не ми е даден на Албански јазик, за што има потврда од Судскиот совет, кој констатира прекршување на законот за употреба на јазиците.
Во оваа прилика би сакал да апелирам до Јавното обвинителство доколку обезбедило превод на доказите истите да ми ги достави и доколку сакаат да ја потврдат својата теза нека ги презентираат преведени до целокупната Македонска јавност.
Јас не барам одолговлекување на судската постапката, туку почитување на ЗКП.
Comments are closed for this post.