Човекот лично ме напаѓа, се обидува да ме дисквалификува, ги негира моите квалификации и ме деградира како личност, вели кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска за тоа што зошто одбива да седне на тв дуел со градоначалникот Петре Шилегов.
Таа информира дека Шилегов на градоначалничкиот профил објавува видеа со кои ја исмева како личност.
-И тој смета дека тоа е демократија, а тоа што не сакам да седнам на маса со него не е демократија. Шилегов не го разбира концептот на демократија. Треба да ми се извини затоа што човечки е да се извините ако згрешите. Како второ, до овој момент верувам дека тој не е достоен човек за да биде градоначалник, рече Арсовска во емисијата „24 анализа“.
Таа категорично негираше дека има бугарско државјанство.
-Каде се информациите дека сум била донатор на политичка партија, каде се информациите дека наводно сум била муслиманка? Знам во каква борба влегувам и знам дека немам ниту една дамка, а тие имаат многу што да изгубат, потенцира Арсовска.
Претходно СДСМ ја повика да се изјасни на обвинувањата.
Каде се крие Арсовска? Цел ден молчи и наместо одговор од неа, стигна обид за одбрана од ВМРО-ДПМНЕ преку празно соопштение до медиумите. Јавно објавен документ докажува дека Арсовска во 2011 година се стекнала со буграско државјанство. Арсовска, кадар на Груевски и почесен конзул на Унгарија, треба да излезе пред јавноста и да каже од кои побуди и поради кои причини извадила бугарско државјанство. Кандидатка за градоначалник која е почесен конзул на Унгарија и државјанин на Бугарија, не може да работи за интересите на Скопје и неговите граѓани. Затоа скопјани в недела на изборите ќе ги поразат Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ чија кандидатка е.
Comments are closed for this post.