Во однос на најавите за раст на инфлацијата, премиерот Заев потенцираше дека таа е контролирачка со монетарната политика на Народната банка и со фискалните политики и мерки на Владата.
-Ние сме отворена земја со пазарна економија и тоа што ќе се случува во светот, ќе се случи и кај нас. Но, тоа што треба да го знаат граѓаните е дека како што испорачувавме претходно, така ќе испорачаме и сега. Ќе креираме политики, ќе ги активираме државните резерви, тука е и инструментот репрограмирање на Буџетот за да интервенираме таму каде што ќе биде потребно, како што ги помогнавме економските последици од пандемијата, потенцираше премиерот Заев.
Comments are closed for this post.