Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вчерашниот митинг пред граѓаните во Гевгелија ги повика граѓаните на 17-ти октомври да излезат масовно и да заокружат број 7, односно како што рече тој овие избори се шанса за создавање на нова иднина и промени.
Излезете на овие локални избори и гласајте, затоа што ќе мислат дека ја водат државата исправно и ќе продолжат да ве злоупотребуваат вас и вашата добрина. Со молчење сите ние стануваме соучесници во нивниот грабеж на Македонија. Тие сакаат да останете во домовите, вие покажете жилавост и излезете да гласате. Големите одлуки зависат од народот. Ова се моменти за да се биде гласен, рече Мицкоски.
Овие избори се шанса кога вашето НЕ, за тоа тие да крадат и печалат на вашиот грб. И вашето ДА, за иднина, порача Мицкоски.
Comments are closed for this post.