Мирјана Антоновиќ и Мирослав Илиќ се соочија минатата недела на суд а изјави дадоа и сведоци меѓу кои и Лепа Брена.По оваа средба, Мирјана а објави и откри дека судењето ќе заврши наскоро и го кажа своето мислење за судењето. Но, пејачот упорно одбива да даде ДНК.
Драги мои пријатели. Добив зрак надеж дека конечно ќе заврши оваа трагикомедија. Мислам дека со нашиот случај, луѓето имаа можност, одблизу, да набудуваат колку е одвратен овој закон, кој сите модерни земји одамна го сменија, вклучително и Босна. Закон што удира директно во семејната ќелија и уништува една нација. Секој во светот ги штити своите деца, како скапоцено богатство, само не знам што чека Србија? Кога судот ќе ми дозволи да зборувам, ќе трубам гласно, и на телевизија и во весниците, за да може некој да ме слушне и да ги заштити нашите мајки и нашите загрозени деца. Гласајте за Девиновиот закон.
Да потсетиме, Девин и Мирјана Атоновиќ го тужеа пејачот Мирослав Илиќ со цел тој да го признар татковство. Мирјана и Мирослав биле во врска пред 35 години и прекинале, додека таа била бремена. Синот Девин сега сака Мирослав да признае дека е негов татко
Во текот на минатата недела, сведок во овој случај беше пејачката Лепа Брена, децениската пријателка на Мирјана, која била присутна за време на врската помеѓу Мирослав Илиќ и Миријана
Comments are closed for this post.