Околу обвинувањата од страна на Бугарија за наводна дискриминација на лицата кои сакаат да се идентификуваат како Бугари во Северна Македонија, тој подвлекува дека нашата земја е држава со долга традиција на толеранција.
– Ние сме земја со долга традиција на толерантност кон различните, градиме заедничка куќа и Македонците и Албанците, и Турците и сите заедно. Имаме механизмни многу сериозни и јас само кажав дека според мои информации нема дури ни една поплака пред Комисијата за антидискриминација во однос на некакви нарушувања на права врз основа на бугарска етничка припадност. Зошто тоа баш во овој момент доста бугарски политичари на големо и гласно го промовираат тоа е нивна работа и не сум сигурен, но мислам дека не користи, барем во нашата земја, во нашата Македонија ние имаме цврсти гранации дека сите сме еднакви пред законот независно од етничката припадност, вели Димитров
Comments are closed for this post.