Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, објави фотографии на кои се гледа дека е извршена незаконска надградба на семејната зграда на градоначланикот на Скопје, Петре Шилегов.
Како што истакнува Стоилковски, за така незаконски извршена надградба на објект треба да има одговорност.
Петре се крие, дивата надградба сама се открива!
Ова се фотографии од семејната зграда на Петре Шилегов направени вчера.
Тука најдобро се гледа линијата до каде бил кровот, се гледа линијата над до каде бил сртот, што е над тоа градено.
Реконструкција значи задржување на обемот, висината, ширината и должината на објектот. Ова тука е надградба. А за тоа Петре Шилегов нема дозвола.
Надградба без дозвола е криминал! – истакнува Стоилковски.
Стоилковски посочува дека на фотографиите се јасно се гледа дека е зголемен габаритот на објектот, но и дека таквата промена може да ги доведе во опасност соседите и нивниот имот.
Оваа фотографја покажува менување на габаритот на објектот, во споредба со неговите соседи од лево и од десно на зградата на Петре Шилегов. Распуканите ѕидови уште од сега, откриваат точни линии на стариот објект. Тоа покажува и можна промена на статиката на објектот. Наместо кровна конструкција- цел спрат! Тоа може да доведе до опасност по животот, на домашните, на соседите и на нивниот имот.
Но инспекторите молчат и се кријат. Ги нема на терен единствено кај градоначалникот на Скопје во заминување Петре Шилегов.
Инспекторите молчат, дивоградбата зборува сама за себе – вели Стоилковски.
Стоилковски додава дека со извршената незаконска надградба, Шилегов си ја зголемил вредноста на зградата за стотици илјади евра, а никоја од надлежните институции не се заинтересирале ниту да разгледаат дали тоа е направено во рамки на законите.
Шилегов без дозвола крена замок во Карпош, ја зголеми вредноста на зградата за 100тина илјади евра, се тоа со познати фирми, а никој, ама никој од надлежните не се заинтересира.
Списокот е долг, и секој ден се надополнува со оние кои што со молк и со дела стануваат алка во злосторничко здружување!
Нема ништо полошо од СДСМ, за Скопје нема полошо од Шилегов! – истакнува Стоилковски.
Comments are closed for this post.