Директорот на болницата во Тетово која синоќа изгоре до темел можеби е единствениот глас на разумот во оваа несреќа. Артан Етеми на 15-ти април се пожали дека има грешка при изградбата и фирмата изведувач треба да ги отстрани забелешките.
– Забелешките се однесуваат на подот и уште неколку мали инфраструктурни грешки. Даден е рок за пет дена да се санираат грешките при изградба на модуларната болница. Струја и вода има. За системот за кислород сме во контакт со фирмата од каде ни рекоа дека за два-три дена може да се постави. Системот е дојден до инфективно и може да се поврзе. Ако не излезат други проблеми, наредна недела се надеваме дека ќе се пушти во употреба, изјави Етеми.
Comments are closed for this post.