По ремито без голови на домашен терен против Ерменија во четвртокот, македонската фудбалска репрезентација вечерва против Исланд во Рејкјавик ги продолжува квалификациите за пласман на Мундијалот што идната година ќе се одржи во Катар.
Македонскиот состав по четири одиграни натпревари е третопласиран во квалификациската група Ј со седум бодови, два помалку од Германија и три од лидерот Ерменија.
– Нè очекува тежок и неизвесен натпревар. Исланд е квалитетна екипа. Според она што го видовме на дуелот со Романија не заслужија пораз. Треба да бидеме на нашето најдобро ниво ако сакаме позитивен резултат. Исланѓаните сакаат да играат фудбал, да го имаат поседот во свои нозе. Тоа е различно од она што сме го гледале во минатото. Имаат друга филозофија. Сакаат топка во своите нозе. Меѓутоа тоа ќе зависи од нас и од нашиот пристап. Детали и индивидуални потези ќе го одлучат натпревар, истакна македонскиот селектор Благоја Милевски на официјалната прес – конференција во Рејкјавик.
Натпреварот се игра од 18 часот на стадионот „Лаугардалсволур“, а судиската четворка од Словачка ќе ја предводи Иван Кружилак.
Петтото коло во групата Ј вечерва ќе бидеме комплетирано со дуелите меѓу Германија и Ерменија, и Романија – Лихтенштајн
Comments are closed for this post.