Денеска истекува  рокот на Владата за доставување на нацрт амандманите на Уставот до Собранието.

На 19 октомври Собранието со двотретинско мнозинство донесе одлука за пристапување кон уставни измени, во согласност со Договорот од Преспа.

За одлуката гласаа и осуммина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кои подоцна формираа независна пратеничка група и со кои премиерот Зоран Заев имаше консултации поврзани со уставните измени врз основа на нивните барања.

Во образложението за потребата за уставни измени владата нагласи дека ќе се реагира во Уставот во употребата на новото име „Република Северна Македонија“, во грижата на Македонците во дијаспората, во зацврстувањето на државните граници, како и во преамбулата во делот на АСНОМ.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за уставни измени вчера убедуваа дека дека добиле согласност и разбирање од Заев за нивните барања.Тие се однесуваат на зацврстување на идентитетот, постепена промена на името за внатрешна употреба, следејќи ги преговорите со ЕУ и поништување на сите амандмани кои произлегуваат од договорт во случај Грција да не го ратификува.