Реакцииите на јавноста се жестоки откако министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се пофали дека ќе продолжело издавањето на личните карти откако неколку недели недели граѓаните само се сликаа но не можеа да си го подигнат документот.
Наместо лична карта добиваа само ливче дека постапката е во тек.Ова предизвика многу нервози кај граѓаните кои не можеа да си ги завршат основните работи во банки и институции.
Но, она што власта најмногу ја загрижи не беа маките на граѓаните туку опасноста тие да не можат да гласаат на избори.
И затоа денеска смислија “генијален“ чекор сите потребни активности за донесувањето на подзаконски пропис согласно овластувањето од Законот за лични карти да го усогласи со одредбите од Законот за употреба на јазиците.
Со тоа, како што објасни Спасовски се овозможува непречено издавање на обрасците за барање за издавање на личната карта, образецот на потврдата за поднесено барање за издавање лична карта, образецот за личната карта, постапката за издавање и замена на личната карта, како и за начинот за водење на евиденцијата за издадени лични карти.
Но прашуваме, како е можно МВР да продолжи да печати лични карти со новите обрасци кога тоа треба да биде регулирано со закон. Со тоа владата недвосмислено се става над Собранието кое е единствен законодавен орган во државата.
Закон за лични карти си постои и издавањето на документи треба да биде според тој закон, се додека Собранието, и само Собранието не донесе друг.
Намерата да се донесе нов закон за лични карти, за што постпката е блокирана во Собранието не го супспендира спроведувањето на постоечкиот.
Но, на власта очигледно и се брза личните карти да бидат „Северни“ , но и со етничка припадност за пред избори да го исполни ветувањето кон помалиот албански партнер Беса.
Comments are closed for this post.