Бизнисменот Орце Камчев денеска даваше изјава за предметот „Плацеви на Водно“. Тој во исказот вели дека ова е монтиран обвинителен акт, кој се води против него и мојата мајка и е тесно поврзан со предметот „Рекет“.
Самиот факт дека е направен груб фалсификат од страна на обвинителот и манипулација кон судиите што го оценувале обвинителниот акт е уште еден доказ дека војната што обвинителството т.е. дотичната обвинителка ја води против мене заради предметот ,,Рекет’’ добро познат на јавноста, но сега со уште пожестоко темпо со обвинение на една страница и две реченици за кое шест месеци сум во притвор.
Comments are closed for this post.