Премиерот Заев тврди дека не се размислува за ново пролонгирање на статистичката операција, која првично беше планирана зааприл годинава

Не се размислува за ново одложување на пописот на населението, домаќинствата и становите, кој треба да почне на 5 септември и да трае до крајот на тој месец, како што вели премиерот Зоран Заев.

„Пописот е веќе договорен, по барање на сериозен учесник во нашето општество, а тоа е најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Толеранцијата е доблест на владејачките партии, на чело со СДСМ, кои тоа го прифатија и еднаш го одложивме пописот што сега ќе се спроведе од 5 септември“,

изјави денеска Заев.