Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил објави дека пред 45 дена Министерот за здравство Венко Филипче убедувал дека крај на авуст или почеток на септември ќе имаме крај на пандемијата, а сега имаме 588 новозаразени.
Пред 45 дена не убедуваше по петти пат дека во август или најдоцна на почетокот на септември ќе прогласеле победа над епидемијата (слика 1), а денес имаме нови 588 заболени и 8 починати (слика 2). Трчаа по провизии од сомнителни азиски посредници и наместо да се борат да обезбедат вакцина плус тие нудат мерки како во времето на средината од 20тиот век. Го поделија народот за пусти пари и власт.
Новиот пакет на анти ковид мерки го дели народот и не помага. Прашуваат што треба: треба систем кој подразбира системски чекори. Она што го имаме денес е справување со последиците од немањето систем. За жал тоа и овој пат се плаќа со човечки животи…
Одговорност ќе има…, затоа за нешто повеќе од 2 месеци граѓаните одлучуваат дали оваа неспособност, безидејност, криминал, корупција, срам и понижувања ќе продолжат или нови луѓе со нова енергија, знаење и цели ќе ја вратат Македонија на победничките патеки.
Comments are closed for this post.