Заврши огласот за нови судии во повеќе судови што го распиша Судскиот совет. Во следниот период треба да бидат избрани нови судии во Апелацискиот суд во Штип, судии во Основните судови во Скопхе, Куманово, Тетово,Дебар, Ресен, судии во Врховниот суд, и она што е најважно, двајца судии во Апелација суд во Скопје за кривична и граѓанска област.
Заинтересираност за трансфер во Апелација искажал и судијата Илија Трпков кој е главен судија во предметите за т.н организатори на настаните од „27 април“ и „Плацеви на Водно“.
Трпков без никакви цврсти докази ги осуди во просек по шест години поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски и поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. Неговата пресуда воглавно се темелеше врз сведочењето на Александар Василевски-Нинџа кој неколкупати го менуваше својот исказ.
Случајот „Плацеви на Водно“ пак само што почна прекина, но според информациите на бранителите и тој се очекува да има брза разрешница.
Comments are closed for this post.