Поранешниот пратеник Влатко Ѓорчев вели дека од избувнувањето на пожарите во Македонија на 2 август па до сега се изгорени шест милиони дрвја.

 

 

„Неспособни, џабе позирате. Срам и арам да ви е. Да имавте авиони, ќе го угасевте пожарот првите 2 часа. Вие дремевте и НЕ гасевте 3 дена.
Изгоре цела планина. Џабе сега сите сликања и претстави. Џабе сега озбилни фаци, ПР, изјави и ветувања. Ова е ФИЈАСКО и дебакл.
Изгореа околу 6.000.000 дрвја (да, 6 милиони дрвја) само во Малешевијата. Изгореа околу 4.500 хектари, од кои 3.000 хектари ШУМА. Тоа се како 4.200 фудбалски игралишта шума.
Изгореа КУЌИ, имоти, дворови, пасишта, жито, сливи, јаболки, кајсии, цреши, лешници, ореви, пчеларници… Изгореа срни, елени, желки, верверички, птици, гнезда…
Ја пепелосавте ИДНИНАТА на Малешевијата, некадарници неспособни. Од што ќе живее сега народот???
Пепел и пустош направивте од Малешевијата. Ова е ИСТОРИСКА ШТЕТА врз ИСТОКОТ, штеточини неспособни корумпирани“, тврди Ѓорчев во дел од својот статус на Фејсбук.