Тетовец кај кого, при претрес на два објекта во Тетово, биле пронајдени 46 килограми марихуана, по претходна постапка од Основниот суд во Тетово, доби 30 дена притвор под обвинение за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Како што информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, веднаш по определување на мерката, синоќа нешто по 22 часот 54-годишниот Н.И. бил однесен во КПУ Скопје во Шуто Оризари на издржување на притворот.
Во двата објекти, каде што бил извршен претресот, освен марихуната, полициските службеници пронашле и 13 литри засега непозната течност, дигитална вага, дрвена дробилка, шприцеви и повеќе други предмети што биле фото и видеодокументирани и одземени за вештачење.
Според неговата изјава Н.И. марихуаната ја набавил од лице од Албанија.
Comments are closed for this post.