Член на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, насилно е приведен од полицијата додека бил на протестот што го организира партијата кај крстосницата во близина на „Мавровка“, објави „Нетпрес“.
Како што дознава „Нетпрес“, уапсениот демонстрант со мобилен телефон почнал да снима на што полицијата бурно реагирала наредувајќи му да прекине со снимањето. Тој им се спротивставил со образложение дека снима на јавен простор и не прави ништо противзаконско, а откако одбил да ја спроведе нивната бесмислена наредб, брутално бил уапсен и спроведен во полициска станица.
Од ВМРО-ДПМНЕ го потврдија овој случај и бараат нивниот член да се ослободи веднаш.
Опозицијата од денеска во знак на предупредувачки протест започнува со блокади во Скопје и 10 градови.
Според најавите од партијата, блокадите ќе се одржуваат од 15 до 17 часот, а во Скопје во овој период ќе бидат блокирани раскрсниците кај Нова Македонија, ТЦ Мавровка и Собрание.
Comments are closed for this post.