Судијата поротник во случаите „Талир 1“ и „Талир 2“, Митко Сандев, поради кои е замрзнат имотот на ВМРО-ДПМНЕ, одби за „Нетпрес“ да одоговори на прашањата по темата којашто претходно денеска ја отвори лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски. „Нетпрес“ телефонски стапи во контакт со Сандев, и откако од него беше побаран коментар за споменатите наводи, судијата поротник кусо одговори дека претседателот на Основниот суд Скопје 1, Иван Џолев, е „запознаен со случајот“ посочувајќи дека од него треба да се побараат одоговорите.
Како што се дознава од судски извори, Митко Сандев спротивно од неговата волја се држи како судија поротник, а крајната цел е имотот на ВМРО-ДПМНЕ да остане правно заробен.
Претходно претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по денешниот брифинг за новинари, околу судските предмети „Талир 1“ и „Талир 2“ посочи дека станува збор за „тотално незаконски случаи“, чијашто основна цел е бидат замрзнати имотот и ресурсите на партијата.
Намерата на СДСМ и на премиерот Зоран Заев со ова, како што истакна Мицкоски, е да си овозможат предност пред претстојните локални избори.
Митко Сандев, рече Мицкоски, е човекот којшто денес му служи како алатка на Судот, а директно и на Заев.
Сандев е исто така дел од статутарната комисија на партијата на пензионери. Иако ги исполнува условите за пензија, тој седи спротивно на сите закони таму кај што седи за да практично му овозможи на СДСМ и Зоран Заев дополнителна предност на овие локални избори со што ќе ги држи активни предметите „Талир 1“ и „Талир 2“. Да потсетам уште еднаш за овие предмети, незаконски спротивно од сите законски рокови е замрзнат имотот на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Мицкоски.
Comments are closed for this post.