Апелациониот суд денеска донел одлука да ја прифати жалбата и да го ослободи од притвор поранешниот генерален секретар на владата Драги Рашковски.
Претходно беше потврдена информацијата дека вишото обвинителство дало позитивно мислење на понудената гаранција од половина милион ерва од Рашковски, но според последните информации од судот одлуката за ослободување од притвор била донесена без да се земе во предвид понудената гаранција.
Рашковски е во притвор од 21 април откако беше осомничен дека купил софтвер од 80 илјади евра за автоматско казнување на сообраќајни прекршоци кој сам го патентирал иако МВР немал потреба од него.
Во меѓувреме, обвинителството отвори уште една истрага во која Рашковски е осомничен дека за сума од над 100 илјади евра набавил опрема за биометриска идентификација која исто така никогаш не била употребена.
Comments are closed for this post.