Нанесена ми е штета на угледот и честа заради политички цели. Тужениот зборуваше апсолутна изјава со цел да се изманипулира јавноста со случајот „Рекет“, рече во судот премиерот Зоран Заев, кој денеска сведочи во случајот противпотпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кого го тужи за клевета.
Ова е направено за мене да ми се нанесе штета, а нему да му донесе корист. Тој рече дека се изрекетирани 20 милиони евра за кои ја сум бил осмислувач и организатор, а тоа не е точно. Ова ги поминува сите граници, рече Заев.
Николоски, кој се застапува сам, го праша дали Александар Кирацоски, Фросина Ременски, Стефан Богоев и Радмила Шекеринска го имформирале за средбите со Бојан Јовановски.
Никогаш не сме разговарале за Јовановски, но се разговарало за средбите што ги имале со него. И јас сум имал средба со него како како сопственик на телевизија, но еднаш и како работен состанок и го упатив во кои институции да се обрати, призна Заев.
На прашањето дали е пракса неговите соработници да одат дома кај Боки, Заев одговори:
Во партијата постои посета по домови и одење по гости, но тоа не значи кршење на законите.
Comments are closed for this post.