Властите во виетнамскиот град Хо Ши Мин наредија затворање на рестораните поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирусот, јави ДПА.
Покрај рестораните, во градот денеска се затвораат и козметички салони, продавници и паркови. Целта на мерките е да се контролира ширењето на инфекцијата. Одлуката за воведување на мерките е донесена по 36 нови случаи на инфекција со коронавирус.
Виетнам се здоби со меѓународно признание за неговиот начин на борба против пандемијата на коронавирусот, но по извесен период без локално ширење на вирусот, инфекции беа пријавени повторно на 27 април, а првиот смртен случај беше пријавен на 15 мај по осум месеци.
Во новите случаи станува збор за 27-годишен маж кој пристигнал во Виетнам од Јапонија на 7 април и кинески експерт кој влегол во земјата заради деловни активности. По позитивниот тест за коронавирус, двајцата беа во карантин за две недели.Вкупниот број на лица заразени со коронавирус во Виетнам е 6356. Вкупниот број на смртни случаи е 46.
Comments are closed for this post.