Претседателот Стево Пендаровски, кој престојува во посета на Италијанската Република и Светата Столица, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, денеска имаше аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост Папата Франциск.
На средбата беа истакнати одличните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Светата Столица, кои се темелат на длабоки историски врски, споделени духовни и културни вредности и традиции.
Претседателот Пендаровски го реафирмираше интересот за продлабочување на односите со Светата Столица, во сите сфери од заеднички интерес и го истакна значењето на католичката заедница во Северна Македонија и нејзиниот придонес во нашето општество.
Претседателот Пендаровски посочи и на значењето што нашата држава го придава на промовирањето на меѓурелигискиот дијалог и почитувањето на верските слободи.
По аудиенцијата кај Неговата Светост, Папата Франциск, претседателот Пендаровски оствари средба со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пјетро Паролин.
Comments are closed for this post.