По вчерашното приведување , лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев денеска одржа прес-конференција во партиското седиште.
Рече дека МВР спровело полициско гонење врз него поради соопштение на партијата од 2 октомри во кое аларале за поткуп на пратеници во висина од 2 милиони евра по пратеник и во кое стоело дека пратеник од ВМРО-ДПМНЕ кој ќе гласа за промените на Уставот нема да стигне до државната граница при обидот за бегство од државата.
Ова за МВР значело дека Единствена Македонија ќе ги убива одметнатите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ со што била загрозена нивната сигурност. Помина еден месец, а на 8-те пратеници не им фали ништо, дури Елизабета Канческа-Милевска доби унапредување во координатор на пратеничка група и секоја вечер како манекенките на модни писти се шета од телевизија во телевизија да нè убедува дека бришењето на сè што е македонско е за наше добро. Значи тоа што се зборува на прес-конференции и се пишува во соопштенија се казнува“, изјави Бачев.
Од друга страна, вели Бачев на Заев му е полна устата со демократија и владеење на правото.
Кажаното од Заев нема смисла бидејќи во реалноста не се почитува судската пракса на Европскиот суд за човекови права во Стразбург како најавторитетна институција. Ова е удар врз слободата на говорот и за да сеат страв и перат мозок со измислица наречена говор на омраза, можат да нè следат, прислушкуваат, но нема да дозволиме да ни го скршат духот“, додаде Бачев.
Тој најавува сенародни македонски протести до како штоп рече паѓањето на оваа влада со еден услов, а тоа се избори кои нема да ги организира Заев како премиер.
Comments are closed for this post.