Ако навистина се работи за дебата меѓу историчари експерти, како и на други претставници на социјалните и на хуманистичките науки, кои научната етика ја ставаат над политиката и национализмот, неопходни се две години дебата и максимум 10 средби, по 5 годишно, вели бугарскиот историчар Стефан Дечев, во интервју за Медијапул, одговарајќи на прашањето колку време е потребно за да се реши македонско-бугарскиот историски спор.

-За тие две години експертите би можеле да се обединат околу еден широк основен консензус, што би ги вклучувал идеите за – динамичниот каракет на идентитетите; модерната природа на нациите; различните средовековни реалности, што не кореспондеираат директно со современоста; „заедничката историја“ поврзана со преминувањето на елитата преродбеници и револуционери од Македонија низ бугарската етапа на идентитетот пред осамостојувањето во идна посебна, македонска; заедничкото дејствување на десницата и на левицата на ВМОРО со бугарската армија за време на Првата светска војна; постепеното созревање на македоскиот идентитет во меѓувоениот период, сложената и динамична слика во Македонија за време на Втората светска војна, што моментно не е присутна ни во бугарскиот, ни во македонскиот наратив; преовладувањето на : македонскиот идентитет во годините по војната; насилното хомогенизирање на македонскиот идентитет во Титова Југославија на сметка на маргинилизирањето, потиснувањето и „чистењето“ на бугарското од минатото; стандардизирањето на јазиците секогаш е вештачко и зависи од одреден политички и културен контекст; придвижувањето на бугарската историографија кон „великобугаризмот“ кон крајот на 60-тите наваму, кој го прикрива културниот партикуларизам на преродбениците, политичкиот сепаратизам на револуционерите и раните форми на етничкиот македонизам, изјави Дечев.

Според него, ако околу овие пунктови се постигне консензус, останатото се само детали.

Дечев спаѓа во редот либерални бугарски историчари и чесдтопати е цел на напади од националистичките бугарски политички и општествени кругови.