Италијанскиот министер за транспорт Енрико Џованини вети дека истрагата ќе ја утврди причината за вчерашната несреќа во која загинаа 14 лица, откако се скина кабел на жичарницата до врвот Мотароне. Џованини изјави дека целта на истражната комисија ќе биде ваква трагедија никогаш повторно да не се случи.

Според италијанските власти, единствениот преживеан од кабината е едно 5 годишно дете од израелско потекло, кое со родителите живеело во Италија. Израелското министерство го идентификува како Ејтан Биран, а во несреќата загинале двајцата негови родители, помалото братче и дедо му и баба му. Според италијанските медиуми, сите останати загинати се државјани на Италија.