Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ изјави дека и пред 1 јули туристите ќе можат да доаѓаат во Хрватска според истиот концепт на кој работат дигиталните сертификати.
Тоа значи дека ќе им треба потврда за вакцинација или потврда дека го прележале корона вирусот или негативен ПЦР тест, пренесува Хина.
Премиерот на Хрватска исто така рече дека се водат билатерални разговори со многу земји за тоа како да се овозможи пристигнување на гости во Хрватска се додека не се воведат дигиталните сертификати на ЕУ за вакцинација, што е закажано за 1. јули.
Comments are closed for this post.