Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 8 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 142 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 2 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 2 примени пациенти и 4 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 22 оздравени пациенти.
Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 25 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 49 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 67
пациенти.
Вкупно 142 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 150 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Поради намалениот број на пациенти, од денес се затваат сите ковид центри на Интерните клиники и во Комплексот Мајка Тереза ковид позитивни пациенти ќе примаат само Институтот за ТБЦ и Клиниката за Инфективни болести.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.
Comments are closed for this post.